Успешни македонци во дијаспората „40 под 40 години“ - ДИВНА ПЕШИЌ
09-05-2019 РЕГИОН

Дивна Пешиќ, кавадарчанка која со својот сопруг и две деца живее во Америка е избрана меѓу 40-те најуспешни македонци во дијаспората - објави umdiaspora.org.

 

 

Дивна Пешиќ Грозданов е родена во Кавадарци, Македонија. Дипломирала на Филолошки Факултет во Скопје, на отсек Македонски јазик и јужнословенски јазици со Американски студии. Подоцна , магистрирала на Економски факултет отсек Менаџмент и банкарство.

 

Пешиќ Грозданов била професионален спортист повеќе од 20 години. Таа е најдобриот стрелец на сите времиња на Р.Македонија во дисциплините малокалибарска пушка и воздушна пушка, држејќи 37 национални рекорди во двете категории, машка и женска категорија. Досега двапати била шампион на Блаканот и двапати учествувала на Олимписките игри, Сиднеј, Австалија, 2000 и Атина, Грција, 2004. Била рангирана меѓу првите натпреварувачи на многу Европски и Светски натпревари.

 

Таа ја започнала нејзината кариера како сликар кога имала само 13 години (масло на платно) и досега има реализирано повеќе самостојни изложби дома и надвор, Скопје, Њујорк, Мајами, Парис, Вашингтон, Дизелдорф, Љубљана, Истанбул. (www.divnapesic.com).

 

Дивна има освоено повеќе награди на American Art Awards во следните години: 2010, 2011, 2012, 2013, 2015, 2017 и 2018.

Таа беше прогласена прво место на Американ Арт Авордс 2017 од страна на 25 најдобри музеи и галерии во Америка и беше прогласена за НАЈДОБАР АПСТРАКТЕН ЕКСПРЕСИОНИСТ ВО СВЕТОТ!

Таа беше избрана ВТОРО место од ’’33 креативни умови што светот треба да ги знае за 2011’’ од старна на Софи Арт весник, САД(www.sofimag.com)

 

Една од нејзините слики, Заштитувајќи ја мојата гордост, е во сопственост на Нејзиното Височевство, Кралицата Елизабета и се наоѓа во Бекинговата палата.

 

Сликите на Дивна Пешиќ Грозданов беа емитувани на најголемиот билборд во Менхетен, Њујорк, како еден од селектираните победници уметници од целиот свет од страна на See.Me take Times Square 2014.

 

Таа живее и работи во Њу Џерси со нејзиниот сопруг Блаже Грозданов и нивните два сина, Стефан 4 и Виктор 2.

 

ПОТЕКЛО

 

Јас сум горда што сум Македонка поради моето семејство. Мојот татко Благој е роден во Струмица, а мојата мајка Анка во Кавадарци. Тие не* пораснале мене и мојата сестра Катерина, 40 год.( професор по германски јазик во Германија) со љубов и хармонија, давајќи ни најдобар пример на однесување на една добра личност. Истовремено, тие не* научија на вистинските вредности во животот; семејството, љубовта, пријателите, почитта, чесноста, храброста, достоинството, издржливоста, моралот, инвестирање во знаење, напорнa работа, креативност, спорт. А ова се вистинските вредности на вистинскиот Македонец! На добриот Македонец!

 

Јас се воодушевувам на македонската кујна. Јас уживам во храната, во нејзината текстура, арома, вкус..а македонската кујна има толку многу да понуди за ова задоволство! Виното и ракијата исто така !

 

Исто така се восхитувам на убавината на нашата земја, пејсажите, природата, езерата, националните паркови, планините, кањоните, историските локалитети кои се единствени во светот!И сето ова на толку мала територија! Да, Македонија е толку мала, но има големо срце! А тоа срце чука во секој Македонец низ целиот свет! Јас често кажувам дека Македонци нема многу во овој свет, но ги има доволно, и за добро и за лошо!

 

Целиот мој живот се обидувам да дадам најдобро што можам да го претставам македонскиот спорт и уметност на највисоко ниво во светот.Мојата мисија во уметноста е да ги инспирирам луѓето да бидат подобри личности бидејќи потеклото на доброто и лошото не е зад светот и затоа секој човек се брои!

 

Мојот совет до младите генерации Македонци би бил да ги научат вистинските вредности на добриот Македонец за да можат да се бројат на добрата страна во овој свет!



Share

Додади коментар