Во текот на вчерашниот ден во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци и Институтит за трансфузиона медицина Скопје во просториите на СОУ „Киро Спанџов Брко“ се спроведе доброволна крводарителска акција.
„На оваа акција доброволно даруваа 24 крводарители, односно собрани се 24 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во ова училиште се спроведуваат успешни крводарителски акции.
Голема благодарност на учениците и нивните професори кои несебично ја прифатија оваа акција и на локалните медиуми кои даваат максимална подршка за реализација на истата“ велат од ОО на Црвен Крст Кавадарци.
Додади коментар