Успешна доброволна крводарителска акција денеска беше реализирана во гранична полиција Кавадарци. Доброволно се даруваше на акција во рамки со планот за работа на Црвениот Крст, а во престрет на 17 ти март денот на црвен крст и крводарителството. Акцијата со Гранична Полиција е традиционална акција на која освен вработените во гранична крв даруваат и вработените во ПС од ОН Кавадарци.
Во текот на една година планот е осмислен така што припадниците на МВР два пати даруваат крв, на една од акциите домаќин е полицијата, а на втората Регионалниот центар за гранични работи Југ, информираат од кавадаречкиот црвен крст. Екипа на институтот за трансфузиона медицина Скопје и денеска беше во Кавадарци за како што вели доктор Ефтим Димитровски успешно биде реализирана акцијата во Гранична полиција. Крв даруваа вработени кои од претходното дарување зад себе оставиле полни три месеци, но пред се луѓе со одлична здравствена слика. Поради појавата на грип и настинки незначително е намален бројот на дарители на ниво на Македонија, но овде на денешната акција интересот е на задоволително ниво, а здравјето на дарителите одлично констатира доктор Димитровски.
Меѓу дарителите и на оваа акциија беа присутни жените, а на сите што успшешно минаа низ овој хуман чин им следуваат два слободни дена. Крводарителството е непроценливо хуман чин со кој се спасуваат многу животи.Ранети, болни, лица на кои капка дарувана крв им значи живот никогаш нема да заборават во чии раце стои нивната воздишка. Во рамки на таа благодарност, но и во чест на 17 ти март денот на црвенот крст и крводарителството вечерва на прием кај градоначалникот Александар Панов почестени ќе бидат јубилејните дарители.
М.Младенова

Додади коментар