Успешна акција за пошумување во општина Росоман
03-12-2014 РЕГИОН

На површина од 20 хектари денеска акцијата Ден на дрвото се реализираше и во општина Росоман. Таму пошумуваа претставници на локалната самоуправа, вработени во ООУ Пере Тошев, Јавното комунално претпријатие и учениците. Се садеше јасен во месноста Мрзен , пред зградата на локалната самоуправа , во дворот на училиштето и детската гадинка.

 

Еднакво беа вклучени сите од горе спомнатите институции. Се даде максимумот успешно да биде реализирана и овој пат акцијата ден на дрвото велат од Локалната самоуправа. Од таму додаваат дека претходно бил подготвен теренот,  а денеска само се пристапи кон засадувањето на садниците.Мрзен и претходно во неколку наврати е пошумуван, меѓутоа како земјиште изложено на ризик секогаш е подготвено за нови сдници кои и тоа како ќе помогнат во спречувањето ерозија и подобрување на животната средина, потенцираат стручните лица.

 

М.Младенова



Share

Додади коментар