Со 505 гласа за и 61 против во Европскиот парламент беше усвоена Резолуцијата за Македонија предложена од Ричард Ховит. Со неа, ЕП уште еднаш побара од Советот на Европската Унија почеток на преговорите со Република Македонија во јуни годинава.
На гласањетото му претходеше жестока дебата. Беа усвоени дел од амандманите поднесени од Јелко Кацин и Норица Николаи. Отфрлени беа амандманите на Корнелисен за грчкиот предлог за името како основа за преговори и тој на Чарлс Танок, кој барал да не се именуваат посебно граѓаните со бугарски идентитет во делот од Резолуцијата каде се охрабрува преземањето мерки за надминување на поделбите по етничка и национална основа.
Дел од европските пратеници, меѓу кои и самиот известувач за Македонија Ричард Ховит, вчера изразија загриженост дека ако нема поместување на Македонија кон ЕУ можна е сериозна дестабилизација.

Додади коментар