Усвоена програмата за дејствување на зимската служба на Кавадарци
22-10-2015 РЕГИОН

Околу 4 милиони денари ќе бидат издвоени за работа и дејствување на зимскатра служба на општина Кавадарци. Парите за нормално функиционирање на истата се обезбедуваат од Агенцијата за патишта на Република Македонија. На една од минатите седници советот едногласно даде подршка на програмата за одржување на локалните патишта и улици.

 

Зимската служба ка организира локалната самоуправа, а преку својот надзорен орган ќе следи како се реализира програмата. Зимската служба преку целиот зимски период ќе биде 24 часа во спремност за активирање. Ќе располага со специјални машини, опрема и работна рака. Ќе се набават 190 м3 ризла и 80 тони индустриска сол.

 

Приоритетни за расчистување од снег ќе бидат сообраќајниците по кои се одвива сообраќајот со критични точки и пристап кон објекти кои се од витално значење за општината и градот. Сообрачајниците од прв приоритет ќе бидат осопособени за функционирање на сообраќајот во зимски услови најдоцна до 6.30 часот поради доаѓање на работните места на вработените и до училиштата на учениците, или за најмногу 6 часа по престанувањето на снежните врнежи.

 

Сообраќајниците од втор приоритет ќе бидат осопособени за функционирање на сообраќајот за 12-24 часа по оспособувањето на сообраќајниците од прв приоритет.

А.Д



Додади коментар