Едногласно кавадаречкиот совет денеска ги усвои ребалансот на буџетот и кварталниот извештај за извршување на буџетот во вториот квартал од годината. Позитивното изјаснување на советниците по предложениот ребаланс дозволува реализација на значајни проекти кои беа дел од изборната програма на градоначалникот Митко Јанчев.
Тој во образложението на потребите за ребаланс нагласи дека конечно ќе се реалзиираат проекти кои кавадарчани долго ги чекаа. Најави целосна изградба на колекторскиот систем во Марена, реконструкција на улица Шишка и проширување со четири ленти, отпочнување со изградба на нова детска градинка со капацитет за 150 деца, пешачка патека до Моклиште, реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во Сопот.
На денешната седница едногласно поминаа и измените и дополнувањата нма програмата за комунални дејности, за развој на општината, за уредување на градежно земјиште, иземените и дополнувањата на програмите за култура, здравствена заштита и за изработка на урбанистички планови.
Исто така беа усвоени измените и дополнувањата на правилникот за организација на работите, систематизација на работните задачи и плати на вработените во ЈП „Јасмин“. Поминаа измените и дополнувањата на одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема, се донесе одлука за ослободување од плаќање надомест за утврдување на правен статус на бесправен објект, а беше донесен и правилникот за систематизација на работните места во ЈП Паркинг.
Ангел Данов

Додади коментар