Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци за вториот квартал од оваа година и ребалансот на буџетот во рамки на денешната 34 та седница на советот на општина Кавадарци денеска беа усвоени. Опозицијата гласаше против кварталниот извештај со образложение дека реализацијата на буџетските приходи била незадоволителна, а едногласно и од советниците од позицијата и од опозицијата беше усвоен ребалансот.
Едноглсно поминаа и измените на програмата за локален развој за 2015 година и одлуката за доделување седмосептемвриска награда. Годинава советот одлучи наградата која се доделува по повод ослободувањето на Кавдарци, 7 ми септември да му биде доделена на „Инел Интернационал“ во знак на општествено признание за особени постигнувања во областа на интернет и телефонските услуги и мрежни системи, а на проф. Д-р Кирил Темков за особени постигнувања во областа на општествените науки. Наградата се состои од плакета и диплома а на добитниците ќе им биде врачена на свечената седница која ке се одржи на празникот на градот. На седницата беше речено дека за наредните години треба да се утврдат посериозни критериуми за доделување на општинското признание.
На денешната седница беа усвоени повеќе одлуки кои се однесуваат на урбанистичка документација, за правилникот за внатрешна организација на работните места во детската градинка „РадаПоцева“. Едногласно советот ја усвои и одлуката за упис на зголемен број на деца во учебната 2015/16 во детската градинка . Советниците од опозицијата рекоа дека Кавадарци се соочува со сериозен недостиг од слободни места во градинката, а сеуште немало активности за изградба на нова градинка.
Со 12 гласа „За“ 4 “Против“ беше усвоена информацијата за реализација на манифестацијата “Тиквешки гроздобер“ минатата година. Опозицијата забележа дека истата не е комплетна и да биде доставен на разгледување и извештај од оваа манифестација одржана во 2013 година.
Советниците беа едногласни околу одлуката за уредување на односите помеѓу општините Кавадарци и Росоман настанати со завршување на проектот изградба на систем за водоснабдување на нас. Места Ваташа, Глишиќ, Марена и Сопот со пречистителна станица за вода за пиење. Усвоени беа и измените и дополнувањата на програмата за тиквешки гроздобер 2015 година кои се однесуваат на финасискиот дел во програмата. Позицијата хонорари за музички настап се зголеми од 1,6 милиони денари на 2,6 милиони денари, а позицијата организациски трошоци од 100 илјади денари се зголемни на 500 илјади денари.
Советот на денешната седница едноагласно заедно со градоначалникот дадоа целосна подршка на барањата на лозарите за повисоки откупни цени на винското грозје во претстојната реколта 2015-2016 и исплата на откупеното винско грозје за максимален рок од 6 месеци. Советниците денеска имаа можност да поставуваат и советнички прашања до градоначалникот.
Ангел Данов
Додади коментар