Локалната самоуправа на Велес го усвои нацрт буџетот за следната година. На вчерашната општинска седница се донесе најважниот документ со кој се утврдува работата на општината. Со него е направен планот по кој идната година ќе се трошат парите од буџетот. Во 2015-та е предвидено општината да располага со над 12 милиони евра.. велешани сметаат дека парите треба да се инвестираат во нови инфраструктурни проекти и развој на локалната економија.
Донесувањето на нацрт буџетот не значи дека тој е затворен за внесување нови проекти.Пред неговата конечна верзија, ќе биде претставен пред граѓаните. Нивните предлози ќе се слушаат на јавни расправи.. ваква дебата ќе се одржи утре во 14 часот во зградата на општина Велес.
Во годината која изминува велешани сметаат дека општината инвестира во развојот на градот.Додаваат дека сеуште има проблеми кои треба да се решат..
Според локалната самоуправа на Велес, буџетот за наредната година изработен е да овозможи реализирање на низа инфраструктурни проекти, унапредување на бизнис климата и привлекување странски инвестиции.
Зоран Јаневски
Додади коментар