Во првиот квартал од 2015 година остварувањето на вкупните приходи по сите основи во буџетот на општина Кавадарци изнесуваат 20 отсто од планираното. Од први јануари до 31 март реализирани се приходи од 133.376.046 денари од планираните 666.757.000 денари. Ова го покажува кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на Кавадарци за првиот квартал од годината кој беше усвоен во рамки на вчерашната 30-та седница.
Остварувањето на редовните буџетски приходи изнесува 42.011.655 денари или 13,40% од планираното. Приходите од наменски дотации се реализирани со 25,53%, а од самофинасирачки активности 22,91%. Остварени се приходи од донации во висина од 4.381.887 денари или 46,06% од планираните 9.513.000 денари.
Реализацијата на вкупните расходи на Буџетот на општина Кавадарци за првиот квартал изнесува 121.439.173 денари во одно на планираното, или расходите се реализирани 18,21% од планираното.

Додади коментар