Урбанистички планови за седум кавадаречки села
13-08-2015 РЕГИОН

Проектот за изработка на урбанистички планови во населените места Брушани, Ресава, Дабниште, Бегниште, Раец, Бојанчиште и Рожден општина Кавадарци го одреди за приоритетен. Со него ќе аплицира на јавниот повик за програмата за користење на средства за финансиска подршка на руралниот развој за 2015 година мерка 322.

Вкупната површина која што ќе биде опфатена со урбанизацијата изнесува 248,71 хектари. Потребните средства за изработка на урбанистичките планови се проектирани во вкупен износ од 9 милиони и 226 илјади денари.

Со овој проект се опфаќа изработка на урбанистички планови во овие седум населени места  во општината. СО урбанизацијата ќе се усогласат ново настанатите  потреби на граѓаните кои живеат во овие населени места, а ќе се задоволат и потребите на стопанските субјекти, согласно нивните развојни планови – истакнуваат од локалната самоуправа.

Средствата за реализација на овој проект ќе се обезбедат во целост од Буџетот на општината, а ќе бидат рефундирани по одобрување на проектот и прифатливите трошоци од страна на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

А.Д



Share

Додади коментар