УРБАНА ОПРЕМА КАЈ ГРОБОВИТЕ НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЈНИТЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈА
11-05-2018 РЕГИОН

 

 

Општина Кавадарци по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев деновиве спроведе активности за санација на урбаната опрема поставена на просторот каде се наоѓаат гробовите на жртвите од војните во поранешна Југославија.

 

Интервенцијата на овој простор е прва што е спроведена од изградбата на ова обележје.

 

 

 Оперативата на фирмата „ЗД Горан“ од Кавадарци изработи нови клупи кои ги заменија старите и дотрајани, изврши ревитализација на масите, а ќе следи и целосна замена на настрешницата.

 

 Просторот околу оградата на гробните места во спомен обележјето ќе биде и хортикултурно уреден.

 

 

            Со овој зафат општината го средува просторот околу спомен обележјето кое се наоѓа на влезот во градските гробишта во Кавадарци, каде почиваат: Сашко Гешовски, Петре Тодоровски и Мишо Митрев - информираат од прес службата на општина Кавадарци.

 

 



Share

Додади коментар