Изградбата на регионална депонија и управувањето со отпадот беше главна тема на денешната седница на советот на Вардарскиот плански регион. Градоначалниците од општините во овој регион бираа по кој модел ќе работат нивните општини во наредниот период наглаувајќи дека ќе учат од позитивните и негативните искуства од другите општини и региони кои веќе имаат формирано регионални депонии.
„Има повеќе модели, ние треба како регион да донесеме одлука дали на оваа или на една од наредните седници кои пристап ќе го имаме. Дали во изградбата на регионала депонија ќе одиме со приватно јавно партнерство, со целосна концесија или дали ќе одиме со ИПА фондовите. Треба внимателно да ја разгледаме секоја опција и да знаеме на кој начин ќе стартуваме во решавањето на тој горлив проблем за сите општини. Управувањето со отпадот има посебен начин на кој треба да се регулира. Ние за граѓаните на нашиот регион ќе го одбереме најдоброто решение“ рече претседателот на советот за развој на Вардарски плански регион и градоначалник на Велес, Славчо Чадиев.
Искуствата од останатите региони во земјава околу управувањето со отпадот на градоначалниците од Вардарскиот регион на седницата им ги пренесе државниот секретар за животна средина Соња Липиткова. Таа нагласи дека Министерството го има усвоено планот за управоуправување на отпадот на ниво на цела држава и на регионите им се дава можност да го изберат најдобриот модел.
„Имаме различен пристап во различни региони. Истиочниот, североистоичниот и југозападниот регион се одлучија процесот да го водат преку ИПА процедурите, додека полошкиот и југоисточниот тргнаа со конкурентски дијалог со целосно концесионирање. Тука во Врадарскиот регион треба да се направи еден добар план за управување со отпад, да се видат прво финансиските ефекти, а потоа да се понуди на концесионер, оти без добра финансиска анализа нема приод кон решавање на проблемот. Формирање на регионално комунално претпријатие е од круцијално значење. Може да биде донесена и одлука да не се гради депонија туку само претоварни станици, бидејќи ова е земјоделски регион, а да крајната фаза на депонирање заврши во други регионални депонии. Сите тие работи ќе ги разговараме и верувам дрека ќе се донесе вистинската одлука за овој би рекла најзначаен регион во Македонија и не смееме да направиме ни една грешка бидејќи имаме активно земјоделие“ рече Липиткова.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов смета дека по примерот на запад би требало да се реши проблемот. Негова интенција е да се најде концесионер кој ќе го превзема отпадот кој за него ќе претставува суровина.
„Кој модел и да го избериме важно е да нема покачување на цената за износ на смет кој ќе падне на терет на граѓаните“ рече Панов.
А.Д
Додади коментар