Улицата „Киро Каракулев“ ги добива своите контури
12-08-2019 РЕГИОН
Ангажираната оператива на фирмата „Павер Трејд“ ги постави рабницита долж делницата предвидена за градба на потегот од спојот со регионалната улица „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник,па до последниот станбен објект.
Изградбата на оваа улица е на задоволство на жителите од тој дел на Кавадарци на чие барање сегашното раководство на општината конечно го реши нивниот деценииски проблем. Проектот предвиде изградба на урбанизирана улица со оптимални димензии согласно теренот кој на граѓаните ќе им овозможи непречен пристап и движење до нивните домови.
Додади коментар