Украдени се две сребрени монети, Тетрадрахма од времето на Александар Македонски кои се дел од нумизматичката колекција на Народниот музеј во Велес. Но засега никој не открива каква е вредност на артефактите кои исчезнале од канцеларијата на археологот во музејот.
МВР издаде кусо соопштение во кое се вели дека ги нема сребрените монети – тетрадрахма како и дека е одземена една филигранска белегзија. Засега никој не знае кога точно се случила кражбата. Во полициската пријава е посочен периодот од 28 минатиот месец до 15 ти овој месец. Директорот на музејот Петре Костов после долго двоумење и консултација со полицијата кусо рече:
- Утврдено е дека има недостаток на некој предмети за што е извршен увид од МВР и за подетални информации можете да добиете од подрачната единица во Велес.
СВР Велес не открива детали во интерес на истрагата. Неофицијално, предметите се одземени од канцелариите на музејот кои се наоѓаат во зграда веднаш до неа со издвоен влез. Дека монетите недостасуваат забележал архелогот кога се вратил од едномесечната специјализација во Будимпешта. Таа вчера пријавила кај директорот и потоа во полиција. Денеска не беше дозволено да се снима во просториите на музејот кој се наоѓа во центарот на градот и на кој е означено дека е под видео надзор.
Инаку, пред неколку дена Велес беше посочен како град во кои се вршело недозволено ископување и тргување со артефакти во полициската акција Фаланга.
извор: ДУМА.мк

Додади коментар