Полицијата информира дека од Општинската изборна комисија во Кавадарци била извршена кражба. Биле одземени три УВ-ламби, неколку перничиња за печати, пенкала кои се користеле за гласањето и линијари.
Според полициските информации, претседателот на општинската изборна комисија во Кавадарци вчера попладне во кавадаречката полиција пријавил дека биле украдени изборни материјали од големата сала во зградата на Општина Кавадарци, што ја користела комисијата.
Како што било наведено во пријавата, кражбата најверојатно била извршена утрината истиот ден, во периодот меѓу 1.30 и 6.30 часот. Сторителот, како што информираат од МВР, влегол преку вратата од салата, која била заклучена, а на која полициската екипа која извршила увид не констатирала оштетувања.
А.Д
Додади коментар