Укинато е гласачкото место во селото Долна Бошава
21-09-2018 РЕГИОН
Од Општинска изборна комисија Кавадарци информираат дека гласачкото место број 706 во село Долна Бошава се укинува поради малиот број на гласачи.
„Овие жители на референдумот на 30 септември ќе можат да гласаат на гласачко место број 705 во селото Горна Бошава“ информираше претседателот на ОИК Кавадарци, Зоран Костов.
Додади коментар