Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот.
Со новата одлука, се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот.
Независната угостителска комора (НУК) достави барања до Владата за креирање на мерки за помош на угостителите и рок за нивно исполнување до понеделник.
Угостителите бараат континуитет во помошта, односно безусловна субвенција за сите вработени во угостителството додека важат ограничувањата со протоколите за работа, грант за сите угостители, безусловна достапност до кредити, изедначување на ДДВ за угостителски услуги и одлагање и репрограмирање на извршните постапки врз угостителите и угостителската индустрија.











Додади коментар