Турски бизнисмен заинтересиран да отвори фабрика за сапун во Неготино
21-05-2014 РЕГИОН

Сопственикот на турската компанија „КМС“ Хусеин Кучук пројави желба да отвори фабрика за производство на сапун во Неготино. Тој денеска неговите планови да инвестира во Неготино му ги соопшти на градоналчалникот Ванчо Апостолов на заедничката средба што се одржа во кабинетот на градоначланикот.

Апостолов го запозна гостинот дека во градот има 2-3 постоечки празни капацитети кои инвеститорот би можел да ги искористи за старт на производството, а им ја презентираше и можноста за купување на градежни парцели во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови.

 

Кучук информираше дека неговата фирма има фабрики за производство на сапуни во вкупно 17 држави во светотТој нагласи дека  машините во Ајдин биле  подготвени за транспорт во Македонија и веднаш по наоѓањето на соодветна локација за отворање на фабриката, истата би започнала со производство.

 

Одлична местоположба, транспортна поврзаност со Балканот и Европа се главните причини поради кои турскиот бизнисмен се одлучил да инвестира во отворање фабрика за производство на сапун во Неготино.

А.Данов



Share

Додади коментар