Тунелот Демир Капија пуштен во редовен сообраќај
31-05-2013 РЕГИОН
Тунелот демир Капија е пуштен во редовен сообраќај. Тоа според изведувачите значи дека е завршена првата фаза од посебниот режим на сообраќај.
-Минирања и понатаму има и ќе има, но работите за обезбедување од одрони на постојниот тунел се завршени.
Монтирани се заштитни мрежи и сообраќајот е пуштен редовно. Сега започнува втората фаза, изградба на додатни ленти за влез во нашето градилиште за тунелот 1, значи од јужниот портал на постојниот тунел понатаму во правец на Гевгелија-рекоа работниците на “Актор” кои се ангажирани околу работите.
Што се однесува до минирањата, велат, “навлезени сме длабоко во карпата и нема реална опасност за сообраќајот на магистралниот пат Е-75”
С.Д

Додади коментар