Тунел за дезинфекција поставен на пазарот во Кавадарци
29-04-2020 РЕГИОН

Тунелот испушта водена прашина во која има еколошки-био раствор кој ги неутрализира бактериите и вирусите. Идеата е да се постигне максимална заштита на луѓето кои влегуваат и излегуваат од градскиот пазар.
Општина Кавадарци го доби овој тунел како донација од општествено одговорни компании (Дизајн студио Нова-М, Грин Хаус, Авто сервис Авто Мито).
Електронскиот дел на тунелот е изработен од професор Димитрија Ангелоков од СОУ „Ќиро Спанџов-Брко“.


Додади коментар