Тројца позитивни во Кавадарци, еден во Неготино
04-09-2020 РЕГИОН

Тројца нови позитивни на корона вирус во Кавадарци  и еден во Неготино се дијагностицирани денеска, потврдија од Центарот за јавно здравје.

 

Двајца од позитивните се мажи и две жени, на возраст од 26 до 62 години.

 

 

„Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Во епидемиолошката анкета кажаа дека не знаат како се заразиле. Работиме на утврдување на нивните контакти“ рече епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д



Share

Додади коментар