Тројца од досегашните хонорарци редовно вработени во домот на културата во Кавадарци
21-04-2015 РЕГИОН

Актерот и режисер Диме Коцевски и двајца вработени како помошен персонал кои досега беа времено ангажирани во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци денеска добија решенија за редовен работен однос. Решенијата им ги врачи градоначалникот Александар Панов.

 

“Со овие три нови вработувања во културата од проектот на Владата за вработување домот на културата во Кавадарци ќе се екипира за поквалитетно извршување на работите“ рече Панов.

 

Посебно е значајно вработувањето на актерот Диме Коцевски, кој со неговиот аматерски ангажман во изминатите неколку години успеа како  актер и режисер да го раздвижи кавадаречкиот театар и практично да ја реализира програмската определба на градоначалникот и општината за певитализација на кавадаречкиот театар.

А.Д



Share

Додади коментар