Тројца кандидати за пратеници од Тиквешијата се најдоа на изборната листа за предвремените парламентарни извори на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Актуелниот претседател на ОК Кавадарци, Зоран Јованчев е на петата позиција, Златко Пенков од Неготино е на девета, додека на 15 позиција е Слободан Ивановски.
„Можам да соопштам дека ВМРО-ДПМНЕ излегува на овие избори со огромен број на нови имиња, свежи кадри, и врвни индивидуи кои се обединуваат околу нашата мисија за обнова на Македонија. Можам да соопштам дека идниот пратенички состав, а потоа и идната влада ќе ја сочинуваат најголем број на нови лица досега, докажани индивидуи. ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција околу која се врзува целокупниот кадровски потенцијал во државата и која ќе започне да ги менува работите. Над 95 проценти се луѓе кои што за прв пат ќе бидат дел од листата која што ќе ги опфати кандидатите за пратеници. На сцена даваме шанса на нова генерација која мора да се избори за подобра иднина“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски и се заблагодарам на досегашните пратеници.
Претходната вечер кандидатските листи ги објави и владеачката СДСМ. Петмина тиквешани на нивната листа ќе бидат вклучени во трката за гласови од граѓаните на Тиквешијата. Даниела Колева, Панчо Минов, Лолита Ристова, Злате Стојановски и Наталија Славева се кандидатите на СДСМ од Тиквешијата.
А.Д
Додади коментар