Од 2 до 6 мај годинава на 11-то Европско и 6-то Балканско првенство во ХСТ - брзо примање и предавање знаци од Морзеовата азбука, Македонија ја претставија тројца кавадарчани од радио клубот „Искра“.
Во сениорска категорија се натпреваруваше Дарко Трјков и тој освои 2 бронзени медали од двете првенства, Младен Марковски во категорија ветерани исто така освои 2 бронзени медали и Миле Трајков кој освои 3 медали од кои еден сребрен и два бронзени.
Екипно, репрезентацијата го освои третото место на Балканското првенство.
Во дисциплината РУФЗ - брзо примање на радиоаматерски знаци, Миле Трајков го освои првото место на Балканот.
На натпреварувањето учествуваа околу 130 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Русија, Белорусија, Унгарија, Романија, Швајцарија, Србија.
К.Ѓ
Додади коментар