Тројца кавадарчани лишени од слобода бидејќи шетале за време на полициски час
27-03-2020 РЕГИОН

И понатаму се бележат случаи на прекршување на полицискиот час кој е воведен за заштита на граѓаните од пренесување на корона вирусот. Се уште има несовесни граѓани кои шетаат во време на заврана во периодот од 21 до 05 часот.

 

„На 26/27.03.2020 година за време на полицискиот час поради непочитување на истиот од слобода се лишени две лица во Велес, три во Кавадарци и две во Неготино. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

 



Share

Додади коментар