Со кратки филмови и јавна презентација, синоќа во големата сала на општина Неготино се одржа трибина насловена како „ Злоупотребата на дрогата и нелегалната трговија “. Како и многу други и оваа трибина беше во организација на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Неготино.
„ Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Неготино изминатите години даваше и дава придонес во многу партиски но и општествено корисни активности. По тој повод, а секако во рамки на предвидената програма за работа на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Неготино е одржувањето на овие едукативни трибини кои секако се од големо значење“- истакна Даница Јованова, претседател на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Неготино.
Јованова го истакна фактот дека целта за спроведување на оваа трибина е да се подигне свеста кај младите за овој горлив и значаен проблем во денешното општество. Проблем кој со текот на годините активно се инволвира со воведување на кампањи за да мобилизира поддршка за контрола со дрогата.
Модератори на оваа трибина беа Трајче Јовановиќ од полициската станица во Неготино и Димитар Каракулев инспектор по превенција од ПС Кавадарци.
Преку јавна презентација, инспекторот Каракулев присутните ги запозна со тоа што претставува дрогата, видовите дрога со кои можеме да се сретнеме, начините како да успееме да го препознаеме оној кој користи дрога и превентивно да делуваме. Како најчеста причина за посегнување по ова зло, инспекторот ја посочи запоставеноста од страна на семејството но и друштвото со кое се дружи. По завршеткот на јавната презентација, присутните имаа можност да поставуваат пршања на кои секако испекторот одговори. Прашањата најчесто се однесуваа на тоа колкава е бројката на нарко-зависници и дилери во Тиквешија, зошто во одредени земји дрогата е легализирана и кои се мерки се потребно да ги преземат за да не дозволат во ова зло да навлезат и нивните деца. На крај, испекторот Каракулев ја поздрави оваа иницијатива на Унијата на Жени на ВМРО ДПМНЕ од Неготино и истакна дека секогаш ќе стои на раполагање и за уште многу други вакви трибини кои секако се од огромно значење.
Maja Aлексовска

Додади коментар