Превенција од употреба на пиротехнички средства беше темата на трибината која се одржа синоќа во организација на УМС на ВМРО ДМНЕ со стручна соработка од одделението за превенција при ПС од ОН Кавадарци. Целта како што рекоа од унијата е во пресрет на новогодишните и божиќните празници да се слави весело, без нарушување на јавниот ред и мир и без последици по здравјето.
Дека сите ги знаеме од детството и прославите петардите потврди и претседателот на УМС Слободан Ивановски кој потенцираше оти денеска ризокот е голем, младите многу по не претпазливи, па затоа и целта на трибината е да се превенира и заштити младата популација на време.
За одделението за превенција при ПС Кавадарци трибината синоќа беше само уште една во низата трибини кој се одржаа низ основните училишта во Кавадарци, Ваташа и Росоман. Таму темата за учениците беше кажи не на петардите, а синоќа инспекторот за превенција Димитар Каракулев предаваше на тема превенција од пиротехнички средства.
И УМС на ВМРО и Полицијата имаат иста цел апелот да стигне односно допре до сите млади и празниците да поминат без последици.
М.М
Додади коментар