Трибина: “Превенција од карцином на грлото на матката“
21-12-2013 РЕГИОН

 Честите малигни заболувања беа причина УЖ и комисијата за здравство при ВМРО ДПМНЕ Кавадарци да ја организираат и трибината на тема превенција од карцином на грлото на матката која се одржа синоќа во салата на општинското собрание.

Како проблем број два веднаш по водечкиот во Македонија карциномот на дојка, загрижувачки на второт место е карциномот на грлото на матката.Ако се открие и детектира на време постои начин за негово лекување но главна е едукацијата и грижата која мора секоја жена да ја има на високо ниво, апелираше на трибината доктор Јован Гинев гинеколог.

Инаку Јануари е национален месец за подигање на свеста за ракот на грлото на матката. Во светот, ракот на грлото на матката е дванаесетти  по честота и петти по смртоност рак кај жените. Заболуваат околу 16 од 100.000 жени годишно.

Во Македонија годишно од рак на грлото на матката заболуваат околу 300, а умираат над 30 жени,според статистичките податоци во 2008 година заведени се 297 заболени од рак на грлото на матката . Честотата на заболувањето во Македонија е зголемена два пати за последните 20 години, со оглед на тоа дека се почесто ракот на грлото на матката се дијагностицира кај се помлади жени.

М.М



Share

Додади коментар