Трибина на СДСМ во Кавадарци: Да не дозволиме државата да се враќа назад, бидејќи сме на прав пат
30-10-2019 РЕГИОН

Не смееме да дозволиме враќање на режимот на Никола Груевски. Настаните од црниот 27-ми април се потсетник на тоа каде сакаа да ја вратат државата, порача на почетокот од своето обраќање на граѓанската трибина „На прав пат“ вечерва во Кавадарци, потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.

 

-На 27-ми април ние како пратеници бевме подготвени и животот да го дадеме за слободата и иднината на оваа наша држава. Нема да дозволиме да се врати режимот, не смееме да го дозволиме тоа, 27-ми април е потсетник за тоа каде сакаа да ја втурнат државата, рече Спасовски.

 

За неполни 2 и пол години успеавме преку конкретни мерки да ги намалиме трошоците на граѓаните и да обезбедиме повеќе пари за секое семејство. Ја укинавме радиодифузната такста, ја вративме евтината тарифа на струја, ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто, донесовме закон за стечајци и го решивме нивниот проблем, нашите реформи и политики се на прав пат, порача потпретседателот Спасовски пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Кавадарци.

 

Спасовски се осврна и на растот на платите.

 

-Ја зголемивме минималната плата. Кога дојдовме на власт, минималната плата реално изнесуваше 9.000 денари, денес платата е 12.500 денари, а од 1ви јануари минималната плата ќе биде 14.500 денари. Ја зголемивме и просечната плата за 2.000 денари. Официјалните податоци се доказ дека нашите реформи даваат вистински придобивки за граѓаните, заклучи Спасовски.

 

Тој говореше и за недобивањето на датум за почеток на преговорите. Но, посочи дека денеска ние сме генерација која го реализира сонот за независна држава.

 

-Неправедна е одлуката на европскиот совет, но тоа не е беше одлука што направи Македонија, затоа што сите држави признаа дека РМ направи најмногу. Тоа не треба да биде причина да не продолжиме понатаму кон ЕУ, туку да биде поголем мотив да направиме да имаме европски вредности и стандарди овде во РМ, бидејќи немаме друга алтернатива.

 

-Ако некој мисли дека треба да прави квази сојузи треба да излезе и јавно да каже. Ако треба да имаме сојуз со Србија, Мицковски да излезе и да каже, а не тоа да го прават членови на извршниот комитет. Никој не смее да подржува политики на изолации, кои не знаеме каде водат, затоа треба да одиме по правиот пат, пат кој ќе гарантира развој на државата, рече Спасовски.

 

Вицепремиерот во владата за економски прашања Кочо Анѓушев преку бројки ја отслика екомомијата во државата. Посочи дека оваа владата застанала на патот „Фени индустри“ да оди во стечај.

 

-Првата бомба кога дојдовме на власт беше лошата состојба во кавадаречки Фени. Газдите ги изнеле парите. На транспортерите им должеше 2,5 мил евра, на сите банки 42 мил евра и 27 мил евра на сите други субјекти.Планот беше Фени да го снема, да оди во стечај. Застанавме на патот на сето тоа. Резултатот е дека Фени денеска работи, сите се исплатени. И втората печка ќе се стави во функција со што ќе се дуплира производството. Кавадарци е најголем индустриски град. Горд сум што Фени го спасивме од стечај – посочи Анѓушев.

 

Во Македонија за 2,5 години се биле вработени 54 илјади луѓе. Во администрацијата немало вработено повеќе од 2500 луѓе, останатите биле вработени во реалниот сектор.

 

Од држава каде главен работодавач беше државата, рече Анѓушев, за 2,5 години станавме држава каде главен работодавач е реалната економија.

 

-Просечната плата порасна за 10 отсто. Тоа го направи реалната економија преку нови работни места. Се створи конкурентност во вработувањето. Затоа тешко може да најдете работник кој прво не разговара за платата и условите за работа- нагласи Анѓушев и беше самокритичен дека биле потребни реформи во образованието согласно потребите на екомомијата.

 

Побара од кавадарчани на 12 април да не дозволат државата да се враќа назад.

 

За состојбите во аграрот на трибината говореше министерот за земјоделство Трајан Димковски.

 

-Кога дојдовме што имаше? Селективна исплата на субвениции, патриоти и комуњари, се бираше каде да се пратат контролите. Во тоа време бевме заробена држава. Ако имате заробени институции што имате. Во овие 2,5 години направивме многу промени. Ги зголемивме субвенциите како што беа во планот за живот, и во растителното и во сточарското производство. Ги седевме и барањата како се одвива развојот во самиот сектор. Воведовме и други контролни механизми. Рековме дека не може по 1,2 мил евра да се исплаќаат на една фирма. Во сите анализи што ги имаме над 70-80% се мали земјоделства до 1 ха. На нив обрнуваме многу внимание – нагласи Димковски.

 

На трибината присуствуваше и градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, за чиј пример Спасовски рече дека треба да го следат и други и да се приклучат на караванот на СДСМ.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар