Три нови случаи на корона вирус во Кавадарци
30-07-2020 РЕГИОН

Продолжува да се зголемува бројот на нови позитивни со ковид 19 во Кавадарци. Денеска се дијагностицирани три нови случаи, потврдија од ЦЈЗ Кавадарци. 


„Станува збор за две лица на возраст од 19 години и едно лице на 21 година. Имаат лесни симптоми и се на домашно лекување. Се работи на утврдување на нивните контакти“ рече  епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Овие млади инфицирани кажале дека не знаат како се заразиле, бидејќи не шетале многу. 

 

Дознаваме дека двајца од денешните позитивни се брат и сестра.

 

Во последните две недели  во Кавадарци значително се зголеми бројот на позитивни лица. Она што ги загрижува кавадарчани е дека се работи претежно за млади лица. Најмладиот позитивен пациент има 16 години.

 

Од почетокот на пандемијата во Кавадарци позитивни на ковид 19 се  58 лица, а заклучно со денес активни се 41 случај.

А.Д



Share

Додади коментар