Зонското паркирање ќе се применува на три зони во град Кавадарци, односно прва зона „А“, втора зона „Б“ и трета зона “Ц“. Вака со одлука на советот на општина Кавадарци се определени трите зони за паркирање во Кавадарци, откако ќе стапи на сила зонското паркирање.
Првата зона ги опфаќа улиците „Илинденска“ од двете страни од пресекот со „& ми септември“ до пресекот со ул. „Цано Поп Ристов“, плоштад пред Комерцијална Банка, 7ми септември од едната страна и тоа од пресекот со ул. „Илинденска“ до пресекот со ул„Браќа Џунови“. Во првата зона исто така се предвидува паркирање на ул.„Тиквешко востание“-поранешна ЈНА, од едната страна од пресекот со ул. „Миле В`чков“ до зградата на општина Кавадарци и на ул. „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ од едната страна и тоа од пресекот со ул. „Битолска“ до пресекот со ул.„Климент Охридски“.
Зоната „Б“ или втората зона на паркирање го опфаќа паркиралиштето од поземната катна гаража наспроти зградата на општина Кавадарци, паркиралиштето на паркингот над подземната гаража наспроти општинската зграда, улица „Пано Мударов“ од пресекот со ул „Илинденска на почетокот од двете страни, а потоа од едната страна до пресекот со у. „Битолска“. Ќе се паркира на ул.„Илинденска“ од двете страни од пресекот со ул.„Цано Поп Рисотв“ до пресекот со ул. „Охридска“, парк „Полана“ од едната страна на улиците „Партизанска“, “Лазо Мицев“ и „11 октомври“. Ќе се паркира и на ул. „Цано Поп Ристов“ од пресекот со ул. „Блажо Алексов“ од едната страна до прсекот со ул. „Лазо Мицев“, а потоа од двете страни до пресекот со ул. Илинденска.
ВО третата зона ќе се паркира на бул. „Никола Минчев“ (поранешен Едварда Кардељ“ од двете страни од кружниот тек до пресекот со бул. „Македонија“, бул. „Моша Пијаде“ од двете страни од кружниот тек до пресекот со бул. „Цветан Димов“. Потоа бул. „Македонија од двете страни од кружниот тек до пресекот со ул „Орце Николов“, бул. „Кочо Рацин“ од двете страни од кружниот тек до пресекот со ул. “Орце Николов“, ул. „7ми септември“ од еденатастрана од јаворот до пресекот со ул. „Методи Џунов Џикот“ и паркирање на кружниот тек на делот од пресекот со бул. „Моша Пијаде“ до пресекот со ул. „Илинденска“.
Паркинзите од прва и втора зона ќе работоат во периодот од 7 до 24 часот, а во третата „Ц“ зона од 19 до 07 часот. Слободно, без да се наплаќа, ќе може да се паркира во прва и втора зона во периодот од 24 до 07 наутро додека во третата зона слободно ќе биде паркирањето во период од 19 до 7 часот.
Во одлуката е наведено дека наплатата на паркирањето ќе се врши согласно ценовникот усвоен од советот на општината.
Исто така на последната седница на кавадаречкиот совет беше донесена и одлука која ја регулира тарифата на цени за отстранување и чување на непрописно паркирани возила. Во оваа одлука е наведено дека услугите за отстранување и чување на непрописно паркирани возила ќе се наплаќаат и тоа за подигање и пренос на возило до депо Пајак по налог на овластено лице 1500 денари, а подигањето на возило од зелена површина по налог на комунален инспектор и пренос на возилото 1500 денари. 1000 денари ќе се наплаќа доколку се случи подигнување на непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува.
Ангел Данов
Додади коментар