Три дена по ред воздухот во Кавадарци контаминиран со ПМ 10 над дозволениот праг
29-01-2018 РЕГИОН

 

И понатаму Кавадарци е меѓу градовите со зголемено загадување со ПМ 10 честички. Податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека во петокот, саботата и неделата во Кавадарци е надминат дозволениот праг на суспендирани честички со големина до 10 микрометри на метар кубен.

 

На 26 јануари се измерени 146 микрограми на метар кубен, на 27 прагот на суспендирани честички повторно е надминат и се измерени 102 микрограми на метар кубен. Високо ниво од 123 микрограми покажуваат податоците од мерната станица на министерството за Кавадарци и во текот на вчерашниот ден.

 

Во случај на надминување на прагот на инфромриање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри ПМ10 од министерството за животна средина препорачуваат да се користи јавен превоз, а возилата без поголема потреба да не се употребуваат. Да не се користи затоплување на простории со прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков друг синтетички материјал.

 

Во ваков случај Министерството за здравство и институтот за јавно здравје препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација децата, старите лица, болните од хронични болести на белодробниот и срцево садовиот систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадени зони од градот.

А.Д



Share

Додади коментар