Третоодделенците од Ваташа во посета на локалната самоуправа
20-03-2015 РЕГИОН

 Учениците од третите одделенија при Опшинското основно училиште „Димката Ангелов-Габерот“ од Ваташа во рамките на настават по предметото Општество ја посетија Општина Кавадарци. Совладувањето на методската единица Локална самоуправа го спроведоа надвор од училниците, со доаѓањето во зградата на Општината каде беа примени од саекретарот Ќире Делов.

Во салата за состаноци на Советото на општината Делов ги запозна учениците со поставеноста и начинот на функционирање и надлежностите на Општината Локална самоуправа Кавадарци., појаснувајќи им за работењето на градоначалникот, Советото и општинската администрација. Во рамките на посетата децата имаа можност да постават прашања поврзани со сегашната работа на општината како и за тоа кој бил првиот градоначалник, што треба за да се биде прв човек на општината. Во склоп на посетата учениците имаа можност да бидат и во работниот кабинет на градоначалникот, информираа од Службата за односи со јавноста при Локална самоуправа Кавадарци



Share

Додади коментар