Третоодделенци од ООУ „Гоце Делчев“ во посета на КТВ
22-01-2015 РЕГИОН

Редакцијата на КТВ денеска ја посетија ученици од трето одделение при ООУ Гоце Делчев Кавадарци. Што значи тв медиум или телевизиска куќа учат овие ученици во рамки на предметот македонски јазик.Се што гледаат трето одделенците на телевизија денеска видоа одблиску. Се информираа за целиот процес на подготовка на информативната емисија вести, почнувајќи од прибирањето информации, снимен материјал, монтажа на истиот, студиски дел се до самиот крај реализацијата во етер.

 

Учениците крајно заинтересирани внимаваа на секоја новина за нив.Нај интересен им беше студискиот дел каде на многумина им го препознаа гласот што обично го слушаат на реклама, но се смееја и сами на себе при укажаната можност тие да влезат во кабина и да читаат текст.

 

Дали е тешка работата на новинарите, како доаѓаат до информациите, го сакаат ли она што го работат, грешат ли во работата беа само дел од многуте прашања кои денеска ги добивме од учениците во ООУ Гоце Делчев Кавадарци. Многумина од нив се интересираа за работата на камерманите, техничарите, монтажерите. Дел од учениците од трето одделение се изјаснија дека сакаат да бидат новинари, но најголемиот дел признаа дека многу повеќе гледаат телевизија отколку што слушаат радио.

М.Младенова



Share

Додади коментар