Фудбалските прволигаши и второлигаши одмараат заради репрезентативната пауза но затоа третолигашите од групата југ во недела од 13 часот ке ги одиграат средбите од 10 коло.
Росоман ке има тешко гостување во Крушево кај екипата на Питу Гули а и екипата на Локомотива од Градско ке гостува и тоа во Кривогаштани кај екипата на Младост додека тимот на Марена во ова коло ке биде сободен. Лидерот Големо Коњари не би требало да има тешка задача со Бучин а во останатите средби се среќаваат Борец - Ултрас и Превалец - Слога Лажани.
И членовите на првата македонска футсал лига викендов ке ги одиграат средбите од седмото коло. Црна Река ке му гостува на Железарец а Клими ке го нагости тимот на Карадаку. Останатите парови се Кеги Моби - Шкупи, Форца - Осогово и Бутел - Овче Поле.
Мики Виденовиќ
Додади коментар