Едногласно, советот на општина Кавадарци денеска во рамки на третата редовна седница го изгласа првиот ребаланс на општинскиот буџет. Општинската каса за 2013 година е димензионирана на 676.831.000 денари како во приходниот, така и во расходниот дел.
“Потребата од усогласување на комуналната програма, потребата од пренамена на одредени позиции во наменските дотации и во самофинансирачките активности во институциите финансирани од Општинскиот буџет, како и аплицираните проекти финансирани со средства од Европската Унија, предизвика потреба од ребаланс на буџетот“ рече раководителот на секторот за финансии Цанка Јовановска. Таа нагласи дека и во приходниот и во расходниот дел буџетот се зголемува за 962.000 денари. Промените се направени со усогласување на позициите, намалување на едни за сметка на зголемување на други. Со ребалансот се крати дел од прогрмата за комунална изградба, а се зголемува развојната програма.
По вака образложените причини за ребаланс советниците упатија низа прашања до градоначалникот.
Советникот од опозицијата Горан Белевски праша на што се должело драстичното намалување на даночните приходи во буџетот. Градоначалникот Панов одговори дека сооглед на изборите граѓаните биле по комотни во плаќањето на данокот на имот, но по изборите веќе започнале да си ги плаќаат своите даночни обврски кон општината.
Советникот Златко Јованов предложи наместо да се затвора фондацијата која со финансиски средтва ги подрѓува малите бизниси,повторно да се рактивира тој проект, општината да им помага на граѓаните во реконструкција во фасадите на зградите и во менување напокривите, но и наместо намалување на ставката за здравствена заштита, да има нејзино зголемување. Градоначалникот со одговор дека ЛС неможе да ги кредитира и дека партнерите кои ја формирале фондацијата се повлекле од проектот.
Едногласно се донесе и прогрмата за уредување на градежното земјиште на просторот на општина Кавадарци за 2013 година, прогрмата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и измените на програмата за изработка на урбанистички планови за 2013 . Советот донесе одлука и за измени на одлуката со која се утврдува висината на надоместоците што се плаќаат за користење на општинските јавни патишта и неколку одлуки кои се однесуваат на детални урбанистички планови за повеќе урбани блокови во општината.
Позитивно се изјасни советот и околу одлуките за трансфер на буџетски средства до невладини организации и здруженија, подршка на телевизиската серија Тиквешко востание, за подршка на примарната здравствена заштита во руралните средини и други трансфери.
На денешната трета седница се разгледа и усвои информацијата за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за второто полугодие од минатата година. Во информацијата ПС ОН Кавадарци нагласува дека состојбата во посочениот период била добра и стабилна. Во однос на 2011 година се бележи намалување на сите сегменти и тоа 11% помалку криминалитет, 19% намалување на прекршоците од јавниот ред и мир и 6% помалку во делот на сообраќајните незгоди. Советниците го усвоија и извештајот за работењето на општиснкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
До затворањето на вестите советниците имаа за расправа уште неколку точки кои се однесуваа на решенија за разрешување и избор на општински претставници во средните училишта, предлог одлуки за урбанистичко планска документација.
Ангел Данов
Додади коментар