Кавадарци денеска беше домаќин на 160 млади од повеќе градови во Македонија, кои учествуваа на третата конференција на моделот на Обединети Нации. Тие во улога на делегати или раководители на комитети дебатираа за глобални прашања, политика, економија и детски труд.
Конференцијата ја организира коалицијата на младински организации „Сега“ во соработка со волонтерите на мировен корпус.
„Со оваа конференција младите се едуцираат за дипломатија, надворешна политика, преговарање и решавање на проблеми со што се симулира работата на Обединетите нации. Учесниците ќе научат да создадат поинакво гледиште од своето. Ќе се здобијат со знаења за глобалните проблеми во светот“ рекоа од коалицијата на младински организации „СЕГА“.
Домаќин на оваа конференција во Кавадарци беше невладината органзиација “Зона“.
А.Данов
Додади коментар