Советот на општина Кавадарци денеска ја одржа третата вонредна седница со две точки на дневниот ред: Предлог одлука за измена и дополнување на Буџетот на општината за 2014 година, како и предлог Одлука за изменување и дополнување на програмата за „Тиквешки гроздобер“ 2014 година.
Станува збор за техничка интервенција во Буџетот на општината со која се врши пренамена на сретства од Буџетот и нивни трансфер на сметката на јавната општинска установа Дом на култура „Иван Мазов-Климе“, при што вкупниот Буџет не се менува.
Советниците без дискусија едногласно изгласаа Измена и дополнување на Буџетот за 2014 г. Како и Измена и дополнување на Програмата за „Тиквешки гроздобер“ 2014, се вели во известувањето од прес службата на Локалната самоуправа Кавадарци.
Во обрзложението за оправданоста на свикување на седницата, претседателот на Советото Горица Пеливанова Вилхелм посочи: „Со цел збогатување на разновидноста на активностите за времетраењето на манифестацијата „Тиквешки Гроздобер 2014”, кое би значело и економски придобивки на Општината и привлекување на поголем број туристи, а кое меѓу другото би се постигнало со ангажирање на познати музички групи, како и разновидност на карневалските поставки, се предлага измена како на Буџетот за манифестацијата, така и последователно и измена на Програмата која ја донесовме минатата седница“.
Со денешната интервенцијаВкупниот износ на парите од претдвидените 2.000.000 денари се зголемува за дополнителни 2.600.000 или вкупно 4.600.000 денари.
Овие пари со едногласна одлука на на сеницата на Советот на кој присуствуваа 16 советници, ќе бидат наменети за надоместок на дел од торшоците за централниот настан, Настапот на реномирана странска музичката ѕвезда, како и за„Винскиот карневал“. Во останатиот дел на програмата Советот на направи никаква интервенција
Јубилејниот 50 „Тиквешки гроздобер“ годинава ќе се одржи од 5 до 7 септември, стои во информацијата.
Додади коментар