ТППЕ Кавадарци: Запрете со палење на меѓи, стрништа и растителни остатоци
02-03-2021 РЕГИОН

Сезоната на пожари започна. Деновиве пожарникарите од кавадаречката против пожарна единица интервенираа на гасење на неколку пожари. Од таму информираат дека несовесни граѓани продолжуваат со ризичната пракса, да палат меѓи, стрништа, но и растителни остатоци по завршеното корење на лозјата и овошните насади.

 

Токму таквите неконтролирани палења се причина за пожар на отворен просто. Од ТППЕ Кавадарци апелираат до граѓаните да запрат со таквите неодговорни постапки.

 

„Често се случува несовесни граѓани да ги запалат лозанките по завршено кроење и да си заминат од лозовите насади. Пламените јазици многу често се прошируваат на околината и настануваат поголеми пожари. Затоа апелираме ваквата пракса да запре што поскоро, бидејќи е во интерес на заштита на имотот на сите“ велат од против пожарната единица.

 

A.Д



Share

Додади коментар