Тодоров: „Успешно се спроведува проектот рурален доктор“
01-08-2014 РЕГИОН

Успешно се спроведува проектот „рурален доктор“ - ова е оценката на министерот за здравство Никола Тодоров. Пет месеци доктори од здравствените домови ги посетуваат селата. Таму престојуваат по најмалку три часа. Жителите од руралните средини добиваат неколку здравствени услуги - се мери крвен притисок, шеќер  во крвта, се прави екг..

 

Од овој месец, министерството за здравство во соработка со фондот за здравствено осигурување воведува и нов проект.. матичните лекари ќе дежураат во сабота.. основните здравствени услуги ќе ги нудат во домовите за здравствена заштита..

 

Од вкупно 30 здравствени домови, оваа пракса ќе се применува во 15. Матичните лекари ќе дежураат во 15 поголеми градови. 

 

Велес не е вклучен во овој проект. Претседателката на здружението на приватни лекари, лилија чолакова, вели дека и во иднина во деновите од викенд пациентите ќе ги опслужува брзата помош.. освен пружањето неопходна медицинска заштита, докторите од дежурната служба издаваат и рецепти.. така според бројот на издадени лекови, брзата помош во велес е на второ мество во минатата година.. издала 1274 рецепти кои сите биле прифатени од аптеките во градот.

 

Зоран Јаневски 

 



Share

Додади коментар