Тим од ООУ “Тошо Велков Пепето“ замина на еко камп

Марина Грижева, Дарко Мирчевски, Марија Трајкова, Ирена Ристова и Мартин Душков, се ученици во 7 одделение при ООУ Тошо Велков Пепето Кавадарци тим кој замина и до 21 ви овој месец активно ќе учествува на еко камп. Од вкупно пријавени 22 основни училишта еко тимот на „Тошо Велков Пепето“ влезе во потесниот круг, што значи дека ќе земе учество со тимот „Играј за Знаме“ под менторство на наставникот Христина Кососвска, инаку училиштето  аплицираше со три тима предводени од координаторот на проектот Зорица Милкова.

Целта на играта со која аплицираше победничкиот еко тимот од „Тошо Велков Пепето“ е учениците да развијат свест за чување на природата, за лошото влијание на оставањето отпад при прошетките, да се запознаат со сортирањето на отпадот и можноста за негова пренамена или рециклирање, со што може да ја направат својата околина и природа поубава и почиста, да дознаат повеќе за оние кои се занимаваат со купување на сортиран отпад и негово рециклирање за добивање на нов производ, да се запознаат со процесот на рециклирање хартија.

Само за појаснување право на учество имаат учениците од седмо одделение од основните училишта од мрежата на еко-училишта наградени на ниво на зелено знаме во Брегалничкиот регион.Како резултат на успешните еко проекти и добиеното зелено знаме и општинското основно училиште „Тошо Велков Пепето“ доби можност да аплицира за учество на еко кампот кој го организира Здружението на граѓани „ОХО“. Истиот значи  вклучува натпревар за креирање на еко-игри, и е дел од проектот: „Еколошко образование за зачувување на природата во Брегалничкиот регион“ кој е дел од програмата за „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

 М.М

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар