ТИКВЕШКИТЕ ТОЧАКЏИИ ЗАПОЧНАА ИСТОРИЈА НА ЕДНА МАКЕДОНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА МАНИФЕСТАЦИЈА
13-06-2016 РЕГИОН

Беспрекорна организација, одлична велосипедска патека  што ја нема на друго место во Македонија,безбедност на високо ниво, големо гостропримство на домаќините , на кавадарчани и бројните кавадаречки компании кои го потпомогнаа одржувањето на првиот отворен фестивал на планински велосипедизам и планинарење „Алшар 2016“ во организација на Здружението „Тиквешки точакџии“. Една најмасовна досега манифестација која се организирала во Кавадарци и која  би требало  да биде традиционална .

 

Официјално 1000 учесници со купени билети и старни пакети   а учесници многу повеќе, неколку километри долга колона со паркирани возира на влезот на селото Мрежичко каде се одржуваше централанта манифестација, околу 250 шатори во кои беа сместени учесниците .За сите учесници беше обезбеден бесплатен пијалак во неограничени количини, ручек и добра забава со диџеи и прокеција на кавадаречката приказна „Ѓаволот од мајден“ и награднпа игра .

 

                -„Алшар 2016“ помина во најдобар ред и ние од здружението „Тиквешки точакџии“ сме презадоволни со она што успеавме да го реализираме. Покрај официјалните учесници имавме многу добронамерни посетители кои немаа допирни точки со велосипедизмот но сепак беа тука како подршка  на целата манифестација. Она што за нас беше особено важно е што безбедноста на учесниците беше на високо ниво, имавме  само неколку повреди на велосипедисти кои веднаш беа санирани од страна на дежурните медицински лица во амбулантните возила, функционираше и помошта на уште 40 мланинари од Планинарското друштво „Орле“ кои помогнаа да интервенираме на една планинарска група  со оглед на тоа што сите патеки беа добро одбележани. Ние членовите од „Тиквешки точакџии“ бевме распоредени на двете патеки и се беше под наша контрола . Нашето задоволство е уште поголемо  заради одушевувањето на велосипедистите од патеката особено подолгата патека од 52 километри  и прекрасната природа-вели потпретседателот на здружението Лазар Трајков.

 

                Особено атрактивно за многу учесници во настанот беше привлечната приказна за рудникот Алшар бидејќи многумина од нив се искчаија на едно од достапните окна на Алшар.   Организаторите се погрижиле да го осособат пристапот до окното со  адаптирање на теренот што претставуваше дополнителна атракција да се има фотографија токму на окното на еден илјадници години  стар рудник кој се експлоатирал уште во античко време а кој во себе ја крие тајната на сонцето.Селото Мајден во непосредна близина на рудникот не памети толку многу посетители  во еден ден, а преполни беа и викенд куќите со гости и пријатели кои сакаа да бидат сведоци на ова случување. Од Здружението „Тиквешки точакџии“ најавуваат дека од денеска започнуваат подготовките за наредниот фестивал „Алшар2017“.

 

Овие два дена во Мрежичко Мајден И алшар на најубав начин покажаа дека Тиквешки точакџии“ започнаа една историја во македоснкиот велосипедизам и на најубав начин го промовираа Кавадарци и Тиквешијата  со сите природни богатсва  но и на дело ја потврдија гостопримливоста на кавадарчани со голема благодарност на сите кавадаречки фирми кои беа спонзори на „Алшар 2016“.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар