Годинава стопанско-туристичката манифеставија „Тиквешки Гроздобер“ ќе се оджи на 5,6 и 7 септември, а програмата едногласно беше усвоена на последната седница на кавадаречкиот совет. На јубилејното издание организаторот планира да понуди атрактивни содржини, а и многу естрадни ѕвезди кои ќе бидат „магнет“ за гостите.
Од општинската каса ќе се издвојат два милиони денари, а останатите трошоци околу покривање на музичките ѕвезди ќе се обезбедат од винарските визби и бизнис секторот во градот.
По повод половина век од манифестацијата, годинава ќе бидат збогатени содржините со цел доследно негување на традицијата, културата и обичаите на регионот, а посебно ќе се истакнат обичаите поврзани со одгледувањето и обработката на виновата лоза, како и традицијата на производство на вино, ракија, маџун, гроздов мед и шира.
И за оваа година се предвидени винскиот карневал, избор на крал и кралица на гроздоберот, боемски вински фестивал, дефиле на моторџии, симболично откинување на првиот грозд.
Се очекува годинава на гроздоберот гостите да ги забавуват познати уметнички имиња од Македонија и соседството. Сеуште се испитува јавното мислење на кавадрчани кој естраден умтеник или група би биле вистинска атракција и би ги привлекле гостите од Македонија и странство. .
„Тиквешкиот гроздобер“ е продолжение на една богата и долга традиција, која на овие простори и пошироко се одржувала уште во времето на античка Македонија, кога во чест на богот на грозјето, виното, веселбата, плодноста и развратниот живот Дионис, биле одржувани т.н. “Дионисови денови”. На овие свечености учествувало целото население и богатите и сиромасите, и робовите и слободните граѓани. Биле одржувани поетски манифестации, а се јадело, пиело и веселело неколку денови.
Идејата за одржување на првиот „Тиквешки гроздобер“ во 20 век во Кавадарци ја промовирал г. Борис Низамовски, менаџер на групата “Мањифико”.
Ангел Данов

Додади коментар