Тиквешка винска езерска регата утре по петти пат
15-09-2018 РЕГИОН

 

Петтото издание на "Тиквешка винска регата" со пловење со чамци по водите на Тиквешко Езеро и дегустирање на квалитетни вина од Тиквешијата, ќе се одржи утре, информираше денеска Панче Арсовски, директор на регатата.

 

   -Според предвиденото, учесниците на регатата ќе ги посетат и брушанската црква „Света Недела“ и црквата „Свети Лазар“, бегнишкиот залив и полошкиот манастир, за на крајот да следува голема забава и дегустација на вино, соопшти Арсовски.

   Се очекуваат повеќе гости.

 

   -Како и претходните години, така и оваа ќе имаме и гости од соседните земји, што само потврдува дека оваа регата и тоа како е интересна за многумина, додаде тој.

 

   Организатор на настанот е здружението "Винотек" од Кавадарци, кое се бави со промоција на производи од грозје и вински туризам.

 

Св.Д



Share

Додади коментар