Како и што најавија метеоролозите, Македонија викендов ја зафати снежен бран. Снежна покривка има речиси насекаде.
Во кавадаречко снежната покривка е десетина сантиметри. Улиците се проодни и механизацијата на компанијата „Јами“ редовно е на терен и ги расчистува остатоците од снег.
Од прес службата на општина Кавадарци бевме информирани дека се расчистени патните празвци кон Глишиќ, Марена и Сопот, а се расчисуваат и локалните патни правци до селата Бегниште, Шивец, Раец и Дреново.
Во градот низ улиците се расфрла само сол без ризла. Претпрладнево се расчистуваше снегот од градскиот плоштад и останатите тротоари од строгиот центар на градот.
Во селата од поткожужувјето снежната покривка е над 50 тина сантиметри.
Слаби врнежи од снег се најавуваат и за утре. До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени.
А.Д

Додади коментар