Молитви за богата и бериќетна година, денеска на Свети Трифун, заштитникот на лозарите упатија производителите на грозје во Тиквешијата. Тие денеска извршија симболично закројување, со што го означија и стартот на новата производна реколта.
Во храмот Свети Димитрија се отслужи литургија со која чиноначалствуваше Митрполитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј. Тој исто така упати молитви за плдона година. Ја закрои црковната лоза, а лозарите си земаа лозови гранчиња кои ги носат на своите лозови насади. Се верува дека тие гранчиња ќе го чуваат лозјето од болести и штетници.
Се закројуваше и на импровизирана лоза на градскиот плоштад. Овде закрои вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот Александа Панов, министерот за земјоделство Михаил Цветков и пратеничката Весна Пемова. Сите тие им го честитаа празникот на лозарите и им посакаа успешни лозарски работи, богат род и повеќе пари.
„Владата како и досега останува посветена на подршка на лозарите преку високи субвенции кои од година од година се добиваат така како што сме ви ветиле. Од 2008 година досега се дадени 75 милиони евра за лозарите. 35 милиони се исплатени само за лозарите тука во Кавадарци. И понатаму ќе бидеме ваши заштитници, ќе ве подржуваме во тоа што го работите“ им се обрати Ставрески на лозарите и им вети дека ќе се разгледа предлогот на производителите на грозје за скратување на рокот за исплата на грозјето од винарските визби. Најви дека лозарите и понатаму ќе добивале субвенции.
Дополнителниот заменски министер за земјоделство Љупчо Николовски пак рече дека субвенциите се исплаќале селективно. Голем бил бројот на лозари кои доаѓале во министерството со решенија и пресуди, а на кои не им биле исплатени субвенции за 2010, 2011, 2012, 2013 година.
„Уште првите денови откога сум во министерството побарав да започне исплатата на субвенциите како што предвиделе во програмата и Зоран Ставревски и Никола Груевски. Тие се потпишани на програмата за финансиска подршка на земјоделството и таму многу добро се наведени крајните рокови во кои треба да се исплатат и субвенциите во лозарството. Се до крајот на ноември почеток декември кога почнав да аплирам да започне испалатата за сите земјоделци за кои беа поминати крајните рокови, немаше земјоделец кој имаше добиено субвенции. Како резултат на тие наши напори започна една селекција при исплатата од Платежната агенција, како најконтраверзна институција под капата на Никола Груевски, која не дава отчет како ги троши според нив 100 те милиони евра и во кои џебови и фирми одат овие пари. Стотици луѓе со решенија, со пресуди поминаа во нашите канцеларии за неисплатени свубенции од 2010, 2011, 2012 и 2013 и сега пак имаме селективна исплата на субвенции“ рече Николовски.
СДСМ по доаѓање на власт за лозарите ќе издвојувал по 160 милиони евра субвенции и тие редовно ќе се исплаќале на вистински земјоделци.
„Оваа како и претходните години лозарите имаат многу проблеми, високи производни цени нередовна исплата, не заштита од државата, се зголемува површината, но се намалува производството. Сметам дека е потребна многу поголема заштита од МЗШВ и владата. Во оваа година на промени се надевам дека ќе биде и година на подобри промени кај лозарите“ рече Николовски кој ги посети лозарите во Кавадарци и Неготино по повод Свети Трифун заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во Кавадарци на прослава на Свет Трифун и на закројување дојдоа и 530 пензионери од земјава. Тие го прославија празникот во еден угостителски објект и исто така испратија пораки за бериќетна и плодна година.
Ангел Данов

Додади коментар