Кавадарчани го искористија поразот на Охрид и како петти ке пренесат еден бод
Регуларниот дел на сезоната кај ракометните суперлигаши со средбите од 22 коло заврши. ГРК Тиквеш откако си осигура пласман во плеј офот премногу се опушти и одвај славеше со минимални 28-29 против последно пласираниот радовиш. Бутел киксна дома и одигра само 25-25 со Пролет.
Тоа го искористи Еурофарм Пелистер 2 кој славеше во Охрид со 25-28 и ја превзеде позицијата број 3. Охрид со поразот падна на 6 место бидејки Тиквеш изби на петтото. Во останатите средби Еурофарм Пелистер – Прилеп 33-20, Вардар – Струга 35-22 а средбата Скопје - Металург е регистрирана со службен резултат 10-0 за Скопје. Плеј офот и плеј аутот стартуваат веке следниот викенд Ракометните прволигаши ги одиграаа средбите од 15 коло.
Во групата А во дербито Драчево со 27-25 го совлада Вардар Неготино. Шампион – Партизан 32-25, Работнички – Борец 27-25 и Преспа – Младост 23-25. На табелата Вардар, Младост и Драчево се израмнија со по 36 бода со тоа што Драчево веке во следното коло ке биде слободно
Во групата Б фаворитите славеа рутински. Голден Арт кај Текстилец со 11-35 а Алкалоид во Куманово 27-34. Кичево - Јунир КВ 25-41, Астраион – Македонија ЃП 25-24 и Аеродром – Металург РА 32-29. Во следното коло се игра големото дерби Голден Арт - Алкалоид
Мики Виденовиќ
Додади коментар