СТАРТУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ФУДБАЛСКОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА.
Фудбалот се враќа на стадионите во Македонија. Овој викенд стартува пролетниот дел од првенството во првата и втората МФЛ. Прволигашите во недела ке ги одиграат средбите од 19 коло. Всушност еден натпревар ке се одигра веке утре, сабота од 14 часот а во него амбициозниот и осетно засилен тим на Гостивар го пречекува Вардар.
Во недела од 14 часот ке се одиграат останатите средби. Македонија ЃП го пречекува тимот на Шкендија,есенскиот шампион Струга му гостува на Работнички, Шкупи ја пречекува Воска,а Силекс е домаќин на АП Брера.
Очите на кавадаречката спортска јавност ке бидат свртени кон Штип каде Брегалница ке брка бодови за спас и опстанок против ГФК Тиквеш но и кавадарчани ке се обидат со позитивен резултат да се вратат од ова гостување бидејки само така можат да ја избегнат борбата за опстанок.
Второлигашите утре, сабота ке ги одиграат средбите од 16 коло. Двојките се Арсими - Новаци, Скопје - Саса, Караорман - Кожув, Охрид - Башкими, Тетекс - Победа, Беса - Осогово, Пелистер - Беласица и во Неготино на Цвај Арена Вардар го пречекува второпласираниот тим на Детонит Плачковица.
М.В.
Додади коментар