Технички прием на колектроскиот систем во Кавадарци
08-11-2013 РЕГИОН

Професионално и квалитетно е изработен  дел од главниот колектор за отпадни води за Кавадарци до пречистителна станица со дополнителни 300 метри должина, оцени денеска на техничкиот прием комисијата која од терен даде зелено светло за истиот и официјално да биде ставен во функција.

 

Со претставниците од министерството за животна средина и просторно планирање и надлежните служби од Локалната самоуправа на терен излезе и секретарот Ќире Делов кој во изјава за медиумите ги пренесе и деталите од целиот проект.

 

Изведувач на работите е Градба Промет Кавадарци.Потсетување за реализација на проектот општината доби средства во висина од 2.000.000 денари. Целиот проект со прочистителна станица за отпадните води треба да се рализира во наредните неколоку години.

М.М



Share

Додади коментар